До јули 1973 година, духот на мирот и љубовта на шеесеттите веќе требало да замре. Но, четири години по Вудсток, 600.000 луѓе се довлекле до горниот дел од државата Њујорк за повторно да ја разгорат поранешната магија.
The Summer Jam at Watkins Glenn (Летна свирка кај Воткинс Глен) бил историски настан кој влегол во Гинисовата книга на рекорди како поп концерт со најголем број посетители, а сепак денес малку кој знае за него.
Список на учесници
Алман Брадерс Бенд, Д Бенд и Грејтфул Дед биле на списокот на учесници на еднодневниот фестивал. Луѓето кои сакале да присуствуваат биле советувани да пристигнат еден ден порано и да кампуваат. Во продажба биле пуштени 150.000 билети.
Огромен сообраќаен метеж
На патот имало толку густ сообраќај, што посетителите едноставно ги оставиле автомобилите крај патот и остатокот го поминале пеш. Луѓето раскажуваат приказни за тоа како со часови пешачеле за да стигнат на концертот.
Автостоп
Некои ја имале таа среќа да најдат бесплатен превоз до градот.
Локацијата
Воткинс Глен Интернејшенел е голем простор за автомобилски трки. Во годината кога се одржал Самер Џем, Воткинс Глен бил домаќин на Гранпри трката на САД. Како што бројот на посетители растел, во голема мера надминувајќи ја бројката на достапни билети, Воткинс Глен успеал да ги смести сите.
Шатори
Луѓето коишто дошле доволно рано, можеле да си најдат место за нивните шатори. Звучната проба на 27 вечерта се претворила во импровизиран концерт, при што сите три бендови изведувале песни, а Грејтфул Дед настапиле со цел двочасовен концерт.
Море од луѓе
До утрото наредниот ден, местото станувало сѐ понатрупано, при што луѓето и шаторите се протегале до таму до кадешто можело да се види.
600.000 фанови
Во тоа време, Самер Џем поставил рекорд за најголем број на фанови кои присуствувале на поп концерт. Имало толку многу присутни што повеќето не ни можеле да ја видат сцената. Промоторот Бил Грахам поставил 12 огромни засилувачи за да им овозможи на луѓето да го слушаат концертот.
Огромно собирање
Во тоа време историчарите сметале дека Самер Џем е најголемото собирање на луѓе во историјата на САД. Приближно секој трет млад човек на возраст од 17-24 на просторот од Бостон до Њујорк присуствувал на концертот.
Грејтфул Дед на сцена
Концерот го отвориле Грејтфул Дед, свирејќи два долги сетови. Но, тогаш настапила промена на времето.
Вудсток 2.0
Среде настапот на групата Д Бенд, се истурил голем дожд од небото. Илјадниците посетители биле мокри до кожа и прекриени со кал, слично како што се случило за време на Вудсток. Но, невремето било краткотрајно и Алман Брадерс Бенд го затвориле концертот со тричасовен настап.
По одличниот концерт – ѓубре
Луѓето автостопирале до нивните автомобили кои ги оставиле крај патот пред да стигнат на концертот, оставајќи го Воткинс Глен прекриен со отпадоци.