Жена му вели на мажот:
– Доста пиеш! Детето не може да прооди од тебе кога те гледа!

– – – – – –

Кај нас се се плаќа – да се родиш, да учиш, да се ожениш, да се лекуваш, да умреш. Бесплатно ти даваат само да работиш.

– – – – – –

Кога седам на плажа, опкружен од непознати млади жени, се чувствувам како дете кое го одвеле во продавница за играчки, за да му кажат дека нема да му купат ништо…

– – – – – –

Жената не сака многу од еден маж, доволно и само еден добар збор, една топла прегратка и… безусловна послушност!

– – – – – –

Купив штица за сечење! Глупава кинеска работа… воопшто не сече.

– – – – – –

Оглас:
Кисела зелка ја бара свињата на својот живот…

– – – – – –

Велат дека разликата помеѓу Гркот и Евреинот била што и двајцата ќе си ја продадат мајка си, ама Гркот нема да ја испорача…

– – – – – –

– Дедо, дедо, се сеќаваш ли на првото девојче кое си го бакнал?
– Ех, внучко! Јас веќе не се сеќавам ниту на последното!

– – – – – –

Најдобра вежба за раце, е броењето пари. Ги отстранува болките во зглобовите, главоболката, го подобрува видот, апетитот, изгледот, гардероба и го регулира крвниот притисок!!!

– – – – – –

Храната е најдобро задоволство што може да го добиеш без да си ги соблечеш гаќите.

– – – – – –

– Знаеш ли што е разликата помеѓу твојот пенис и твоите шеги?
– Што?
– На твоите шеги никој не се смее…

– – – – – –

Што е заедничко кај жената и кондомот?
Повеќе време се во паричникот, отколку на к***.

– – – – – –

Двајца пријатели зборуваат:
– Јас на пример никогаш не сум легнал со грда жена… ама со какви сум се будееееел…

– – – – – –

Во последните децении е забележано дека хемијата направи револуционерни чекори напред…
Претежно во прехранбената индустрија.

– – – – – –

Нема ништо лошо, ако баба ти за триесеттиот роденден ти подари 500 денари. Лошото е што ти сметаш на тие пари.

Сподели на Facebook
пати видено