Не сакаат само најмалите да се забавуваат. Низ Шпанија никнуваат игралишта кои на постарите луѓе им овозможуваат повеќе забава.
„Тоа е многу социјално“, вели Паз Видал, физиолошки терапевт. „Сакаме да го разбиеме митот дека постариот човек сака да оди во парк и само да си седи на клупата додека децата си играат, и потоа да си оди дома. На овие игралишта можат да се забавуваат и деца. Овие паркови можат да помогнат во создавањето на семејна кохезија и се интергенерациски.“
Не само што на постарите луѓе им даваат можност за телесна активност, туку и можност за дружење.