Овој несреќен случај покажува колку далеку се подготвени да отидат некои доктори за да остварат финансиска добивка.
Индустријата за „грижа за болните“ им носи голем профит на фармацевтските компании. Додека некои здравствени работници почнаа да ја препознаваат важноста на исхраната и животниот стил и сега препорачуваат превентивна грижа како форма на „лекарство“, други одат во сосема спротивен правец, така што ги искористуваат ранливите пациенти и својот професионален лекарски интегритет го продаваат за пари.
На еден таков доктор, Фарид Фата, му претстои долга затворска казна. Хематолокот-онколог кој порано работел во предградијата во Детроит, бил осуден на четириесет и пет години затвор поради измами во кои тој на пациентите лажно им дијагностицирал, ни помалку ни повеќе – рак! Потоа им препишувал непотребна хемотерапија и други третмани за рак, за да им помогне да ја „излечат“ нивната непостоечка болест. Сето ова го правел за од здравството и приватните осигурителни компании да изнуди повеќе од 34 милиони долари. Фата, кој бил директор на Центарот за хематологија и онкологија на Мичиген, една од најголемите приватни мрежи за лекување на канцерогени заболувања, измамил поголем број на луѓе.
Една од неговите медицински сестри, Анџела Свантек, забележала дека тој бил многу зафатен со неговата онколошка пракса. Таа набљудувала како повеќе пациенти добиваат третмани на хемотерапија во секое време, и решила да пријави на регулаторите за лиценци на Мичиген. Но, откако била спроведена истрага, државата донела заклучок дека не се случува ништо незаконско.
На ФБИ му требало три години да ја откријат вистината за лекарската пракса на Фата – дека тоа е опасен „хемо бизнис“. Истрагата била иницирана по поткажување од страна Џорџ Карадшеш од Центарот за лекување на рак Критентон во Рочестер Хилс. Тој од други доктори слушнал дека Фата често инсистирал на агресивна хемотерапија за неговите пациенти, иако тие самите не го барале тоа.
Во 2013 Фата бил уапсен, и подоцна прогласен за виновен по тринаесет различни обвиненија за измама во здравствена нега, вклучувајќи и престапи како перење пари.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!