Вистинската љубов не се случува туку-така, како што повеќето луѓе си замислуваат. Ако навистина сакате да дознаете дали вашата врска се карактеризира со вистинска љубов, проверете ги овие десет знаци за вистинска љубов.
1. Важни сте вие двајца, а не другите
Знаете како луѓето сакаат да даваат оценки и мислења за љубовните врски на другите. Сигурно и членовите на семејството и пријателите исто така имаат некоја мудрост за вашата врска која би сакале да ја споделат. Ако можете да ги издржите нивните коментари и вашата врска не трпи влијание од нив, тоа е добро! Тоа е знак за сила и моќ на врската. Ако повеќе размислувате како „ние“ отколку како „ти“ и „јас“, тоа е знак за вистинска љубов.
2. Чесни сте еден кон друг
Дали криете тајни од вашиот партнер? Тоа е сигурен знак дека тој или таа не е вистинската личност за вас. Кога се работи за вистинска љубов, посакувате да споделите сѐ, да го отворите вентилот на вашето срце и да пуштите да излезе сѐ, најголемиот извор на вашата гордост, како и вашиот најголем срам. Сакате секојдневно да ѝ кажувате на саканата личност што сте правеле во текот на денот, што сакате да направите, што мислите и што чувствувате. Љубовта станува едноставна и вистинска со тоа што сте искрени.
3. Вашата врска ви помага да имате самодоверба
Не вљубувајте се, или не замислувајте си дека сте вљубени, само затоа што сакате да сте вљубени. Вашиот идентитет не се состои во тоа да бидете нечија друга половина – туку во тоа да бидете свои. Не се внесувајте во вашиот партнер толку многу, што ќе станете негова втора верзија. Не мора да бидете најголем фан на нивниот омилен бенд или да ги читате книгите што тој или таа ги чита. Пред да засакате некого друг, треба да научите да се сакате себеси. Нека ви биде удобно во сопствената кожа дури и кога имате лош ден. Познавајте се себеси, длабоко во вас, и знајте што точно сакате да правите во животот. Да се сакате себеси и вашиот живот да се наоѓа на вистинската патека може само да биде плус за вашата сакана личност, доколку има искрени намери кон вас.
4. Го сакате вашиот партнер поради тоа што
Како што вашата врска напредува, ќе видите дека вашиот партнер или партнерка отфла некои надворешни ливчиња од нивниот цвет, да се изразиме фигуративно, и покрај добриот изглед, одличното чувство за хумор и прекрасната личност, ќе почнете да ги препознавате и недостатоците. Тогаш согледувате дека вашата сакана личност е исто така човечко суштество, а никој од нас не е совршен.Ако инсистирате вашата сакана личност да биде совршена, како од вашите соништа, тогаш имате проблем.
5. Се почитувате еден со друг
Ако и двајцата партнери меѓусебно си ги почитуваат чувствата и погледите, тогаш можат да се надеваат на добро. Почитта доаѓа сама од себе кон тие коишто навистина ги сакате. Ако вашиот партнер ве почитува, знаете дека сте на вистинскиот пат.
6. И двајцата се трудите да ја одржите вашата врска
И двајцата партнери треба да вложуваат во врската, да се трудат да ја одржат во живот љубовната искра и да се разбираат еден со друг. Дознајте што е тоа што го иритира партнерот и не правете го тоа.
7. Знаете како навистина да простувате
Прошката е мелем кој на двојките им помага да ги преживеат нивните битки. Прошката не значи слабост, токму спротивно, таа претставува сила. Прошката е сила, не да се заборави, туку да се помине преку неправдата и да се дејствува без намера за одмазда. Простувањето како доблест ги отелотворува несебичноста, понизноста и љубовта, сите во едно во хармонија.
8. Сакате да поминувате време заедно
Сакате да поминувате што е можно повеќе време заедно и не барате постојано некои изговори за да бидте сами или да поминувате време со други луѓе. Среќни сте дури и кога сте заедно додека читате весник.
9. Споделувате исти основни животни вредности
Дали имате слични духовни, морални и етички верувања. Се разбира, доколку имате умерени духовни верувања, тогаш и не е толку важно ако се различни. Но, ако сакате да бидете доследни во вашата религија, на пример, а вашиот партнер има спротивни верувања, тогаш порано или подоцна ќе мора да поразговарате за тоа.
10. Се чувствувате безбедно еден со друг
Вашата сродна душа прави да се чувствувате како да имате ангел чувар крај вас. Личноста која ги злоупотребува вашите слабости и несигурности, без разлика дали тоа го прави свесно или несвесно, не ви е сродна душа.