Љубителите на мачки ја споделуваат оваа вест на интернет како нешто навистина интересно, па дури и забавно. Иако сопствениците на миленичиња постојано се исправаат пред таа дилема дали нивните миленичиња треба да бидат стерилизирани, сепак можеби човештвото би требало на тие нешта да погледне и од малку поинаква страна.
Колку и да си мислиме поинаку, животните сепак не се создадени да ни бидат миленичиња, а самите тие веројатно имаат малку поинаква претстава за смислата на нивниот живот, а таа е како и кај сите животни – да ги следат своите природни нагони за преживување, освојување, обележување и одбрана на територијата и да остават потомство.
Но, еве како сопственикот на мачката и авторот на фотографиите кои следуваат, човекот по име Џон Рид, ја искоментирал реакцијата на своето милениче:
Тоа беше бесценето. Му беше потребно час и нешто за да се смири. Постојано гледаше надолу и сфаќајќи дека нешто не му е на место, го испушташе тој моќен крик. Потоа пак продолжуваше да се гледа долу, зјапајќи цела вечност.
Јас само се насмеав. Потоа добро се изнасмеавме на сликите. Втората е особено неверојатна.
А добро, се запрашал ли г-н Рид како би му било на него да се разбуди и да види дека му ги нема тестисите? Дали и тој би испуштил „моќен крик“ во таков случа и како мисли дека би му изгледал животот потоа? Дали би бил истиот? Што знам, изгледа дека смислата на зборот „милениче“ е сосема изместена во овој случај. Погледнете ги сликите, и кажете дали ви изгледаат смешни.