Откако собра осум милиони фунти од продажбата на неговиот сакан МекЛарен Ф1, од некој како Роуан Аткинсон би очекувале да ги потроши тие пари на друг супер-автомобил. Но, актерот кој го игра славниот Мр. Бин изгледа е отворен за нешто поекономично и поеколошко. Комичарот е виден со електричен BMW i3, кој чини 30.000 фунти, а најголемата брзина му 150km на час.
Тој автомобил е дијаметрална спротивност на неговиот скапоцен Ф1, еден од вкупно шеесет и четири такви автомобили во светот, способен да достигне над 380 километри на час. Актерот својот автомобил го продал на почетокот на оваа година, осумнаесет години откако за него платил 634.000 фунти.
Новата инвестиција на Аткинсон ќе му заштеди и од износот за осигурување. Годишниот износ за неговиот Ф1 со кој во 2011 се забил во дрво, наводно изнесувал 60.000 фунти. Во 2013 година успеал да наплати 910.000 фунти од неговите осигурители за да ја плати поправката на супер автомобилот – а тоа нејскапата поправка во Британија на сите времиња.
Неговиот нов БМВ е толку економичен, што дури е ослободен од таксата за Лондонската метежна зона во износ од 11.50 фунти дневно, затоа што се смета за исклучително еколошки автомобил. Автомобилот се полни на јавни приклучоци за електрична енергија, па дури и на стандардни домаќински приклучоци и за целосно полнење се потребни четири часа.
Аткинсон, за кој се вели дека поседува 71 милиони фунти, поседува впечатлива колекција автомобили која вклучува автомобили како Honda NSX, Jaguar Mk7, Aston Martin DB2, Ford Falcon, BMW 328 од 1939 година, како и Ролс-Ројс Фантом Купе.
Овој месец беше објавена веста дека шеесетгодишниот комичар го продава својот поранешен семеен дом во Оксфордшир, по разделбата со неговата сопруга, 53-годишата Сунетра, со која биле во брак дваесет и четири години.
Сега тој се забавува со 32-годишната комичарка Луиза Форд, и купил куќа во северен Лондон по цена од 4.65 милиони фунти. Продажбата на неговата поранешна куќа потпали шпекулации дека Роуан може да се соочи со скап развод од Сунетра, со која има две деца.