Во четвртокот силните ветрови на Данска ѝ овозможија да ги задоволи сите свои потреби за електрична енергија, останувајќи ѝ доволно електрична енергија за да ја сподели со соседните земји Норвешка, Германија и Швеска. Гардијан известува дека Данска 16 отсто од своите потреби ги задоволува со помош на ветерните турбини, а до петокот наутро кога побарувачката опаднала, процентот нараснал на неверојатни 140%.

Осумдесет отсто од вишокот енергија бил подеднакво поделен помеѓу Германија и Норвешка кои можат да го складираат во хидроцентралните системи за подоцнежна употреба. Шведска ја добила преостанатата петина од вишокот енергија.

Оливер Џој, портпарол на Европското здужение за ветерна енергија изјави:

„Ова покажува дека свет кој целосно се снабдува со обновлива енергија не е никаква фантазија. Ветерната енергија и обновливите ресурси можат да бидат решение за презагаденоста и зависноста од фосилни горива3.

Според проценките, до 2020 година, со нови инсталации на ветерни турбини Данска би можела стопроцентно да се потпре на овој извор на енергија за задоволување на своите национални потреби.

Screen-Shot-2015-07-12-at-3.08.34-PM

Сподели на Facebook
пати видено