Во последно време на интернет почнаа да се појавуваат повеќе статии за тоа на каква опасност се изложуваат животните кога нивните сопственици ги остават заклучени во вжештените автомобили. Поттикнати од тоа, во една локација на ИКЕА во Келн, Германија, тестираат нова идеја, т.н. „паркиралиште за кучиња“, што претставува безбедна област кадешто кучињата ќе можат да се дружат и одмораат додека нивните сопственици се на шопинг.
Секое куче си има свој личен простор со вештачка трева, вода и безбедно место да се врзе ременот. Компанијата планира да ја примени оваа идеја насекаде низ светот.