Дали сте забележале дека можете многу да научите од вашата мачка? Тие како да се родени со бесконечна мудрост. Ние луѓето како да не знаеме ништо! Не знаеме ни како да се справиме со обичните секојдневни проблеми, како тоа кога сме вознемирени.
Мојот мачор е гуру на доброто расположение! Тoј знае да се развесели самиот себеси и да ужива во секој ден од својот живот. Чесно кажано, тешко е човек да не се воодушевува на тоа. Еве го водичот на мојот мачор за тоа како да се биде среќен!
Мојот мачор е тажен.
Тој ниту јаде ниту спие. А вообичаено најмногу сака да ги прави овие две нешта!
Но мојот мачор е мудар. Тој знае неколку трикови кои можете да ги примените кога се чувствувате тажно.
Кога мојот мачор е тажен, тој излегува надвор, бидејќи никогаш не знаеш што ќе се случи штом еднаш ќе излезеш од удобноста на својот дом.
Кога мојот мачор е тажен, тој бара авантура.
И вообичаено ја наоѓа!
Кога мојот мачор се чувствува тажен, тој си ги вика пријателите.
Сѐ што правите е десет пати подобро кога го правите тоа со пријател.
Кога мојот мачор е тажен, тој пробува нови нешта. Промената е секогаш добра.
Кога мојот мачор се чувствува тажно, тој излегува на прошетка. Тој е мајстор за медитација.
Мислам дека знае и Таи Чи…
Кога мојот мачор е тажен, тој прави сѐ повеќе да не се чувствува тажен!
Има многу што да научам од мојот мачор.