1. Јас сум интровертна… Сакам да бидам сама, да излегувам во природа на долги прошетки со моите кучиња и да гледам во дрвјата, цвеќињата, небото – Одри Хепберн.
2. Метју, на свое големо изненадување, уживаше. Како и повеќето тивки луѓе, тој ги сакаше зборлестите луѓе волни да си зборуваат сами и не очекуваат од него и тој да им парира – Л.М. Монтгомери
3. Употребувате зборови како „интровертни“ и „екстровертни“, разни таму лични особини. Доста од тие работи учевме во нашето драмско училиште, и мо беше доста интересно кога дознав дека моите професори доста работи украле од Јунг. А колку сето тоа сега е дел од нашето општество, повеќето фрази како „интровертни“ и „екстровертни“, тие доаѓаат од таму – Мајкл Фасбендер
4. Кога некој интровертен е тивок, не мислете дека тој е под депресија, дека е сноб или социјално неспособен – Лори Хелго
5. Уживав во дисциплината и осаменоста на трчањето на долги патеки, што ми овозможи да побегнам од бурниот училишен живот – Нелсон Мандела
6. За да го разбере светот, човек од време на време треба да се тргне настрана од него – Албер Ками
7. Пријателе…грижи се за својата душа…спознај се себеси, бидејќи кога ќе се спознаеме себеси, можеме да научиме како да се грижиме за себеси – Сократ
8. Претпоставувам дека дека како дете бев нормален. Моите најсреќни мигови беа кога во неделите ме оставаа сам во куќата – Чарлс Буковски
9. Јас сум самодоволен. Многу време поминувам сам и лесно се исклучјувам. Кога комуницирам, комуницирам 900 проценти; потоа се исклучувам, што понекогаш ги плаши луѓето – Бјорк
10. Среќниот живот мора во голема мера да биде тивок живот, бидејќи вистинската среќа се осмелува да живее само во атмосфера на тишина – Бертранд Расел
11, Не мора да ја напуштате вашата соба. Седете си на вашата маса и слушајте. Не мора ни да слушате, едноставно чекајте, бидете тивки и осамени. Светот слободно ќе ви се покаже без маска, нема да има друг избор, освен да се преврти во екстаза пред вашите нозе – Франц Кафка
12. Мудрите зборуваат бидејќи имаат нешто да кажат; Глупавите зборуваат бидејќи мораат да кажат нешто – Платон
13. Колку тишината е подобра; шолјата за кафе, масата. Колку подобро е да си седам сама како осамена морска птица којашто ги отвара своите крилја кога ќе посака. Оставете ме засекогаш да си седам тука со најосновните нешта, оваа шочја за кафе, овој нож, оваа вилушка, нешта сами за себеси, и јас да си бидам себеси – Вирџинија Вулф
14. Љубезно ве молам да си одите, интровертствувам – Бет Бјулоу
15. За да сте отворени кон креативноста, морате да го имате капацитетот за конструктивна употреба на осаменоста. Човек мора да го надмине стравот да биде сам – Роло Меј
16. Многу пробирам на кого му ја давам својата енергија. Претпочитам своето време, интензитет и дух да го резервирам исклучително за тие кои го отсликуваа општеството – Дау Воар
17. Колку умот е помоќен и пооригинален, толку повеќе ќе се наклонува кон религијата на осаменоста – Олдоз Хаксли
18. Кога се заедно, луѓето се секогаш толку досадни. Морате да бидете сами за да развиете свој начин на размислување, што секоја личност ја прави интересна – Енди Ворхол
19. Пазате се од тие коишто постојано бараат некакво друштво; сами тие се ништо – Чарлс Буковски
20. Осаменоста во себе има некоја своја чудна убавина – Лив Тајлер
21. Можеби ќе си помислите дека сум мала, но во мојот ум имам цел универзум – Јоко Оно
22. Кога сум сама, се обновувам – Мерилин Монро
23. E-mail-от е многу позгоден од телефонот. Што се однесува до мене, кога би можел да бирам, би го фрлил својот телефон – Том Хенкс
24. Мислам дека сум чудна комбинација на длабоко интроевертна и многу смела личност. Чувствувам како двете функционираат заедно – Хелен Хант
25. Луѓето ми велат нешта како, „Навистина е супер што не излегуваш и не се напиваш цело време“. Благодарна сум им за тоа, но јас едноставно по природа сум интровертна личност – Ема Вотсон
26. Досадниот човек е тој кој ви ја краде осаменоста без да ви понуди друштво – Оскар Вајлд
27. Немам време за површни пријатели, веројатно кога сте многу осамени би можеле да се јавите на некој површен пријател, но инаку, која е поентата? – Кортни Кокс
28. Едноставно бев збунета поради тоа што цело време се чувствував преплавена од чувства и обидувајќи се да се прилагодам на луѓето коишто работат со мене. Мислам дека ако сте познати на интернет, веројатно сте интровертни – Фелиција Деј
29. Благословени се тие коишто не се плашат од осаменоста, кои не се плашат од тоа самите на себе да си биде друштво, коишто не секогаш очајно бараат нешто да прават, да се занимаваат, нешто да судат – Пауло Куелјо
30. Интровертните се зборовни економисти во општество кое страда од зборовен пролив – Михаела Чанг
31. Оригиналноста вирее во издвојувањето од влијанијата коишто го осакатуваат нашиот креативен ум. Бидете сами – тоа е тајната на инвентивноста: бидете сами, тогаш се раѓаат идеите – Никола Тесла
32. Многу размислувам, но не зборувам многу – Ана Франк
33. Луѓето ме испразнуваат. Морам да се тргнам на страна за пак да се наполнам – Чарлс Буковски
34. Тивките луѓе имаат најгласни умови – Стивен Хокинг
35. Има ужасна разлика помеѓу тоа да се биде сам и да се биде осамен. Можете да се чувствувате осамени во толпа луѓе. Јас сакам да бидам сама, сакам да јадам сама, да седам сама ноќе гледајќи филм и да се дружам со моето куче – Дру Баримор
36. Сакам кога сум сама – Грета Гарбо
37. Сета тага своите корени ги има во човековата неспособност да седи тивко, сам во некоја соба – Блејз Паскал
38. Кој гледа нанадвор, сонува. Кој гледа навнатре, се буди – Карл Јунг
39. Спознавањето на себеси е почеток на мудроста – Аристотел
40. Со нежност можете да го потресете светот- Махатма Ганди