На еден намќорест горила од бристолската зоолошка градина на крајот му се смачило од тоа што сите го сликаат и на посетителите им дал до знаење како точно се чувствува така што им го покажал средниот прст. За среќа, Бон Пичфорд, фотограф од Бристол го овековечил и тој момент.
„Навистина изгледа раздразнет“, изјавил Пичфорд за Бристол Пост. „Кога го забележав, тој си играше со некакви тревки. Горилите имаат фантастичен слух, па така кога почнав да го сликам, тој ме слушна. Само се сврте, и изгледаше како да ми го покажува средниот прст.“