Оди зетот на гости кај дедото и бабата. Го пречекуваат од убаво поубаво.
Бабата му испекла пиле. Дедото направил ќебапчиња на скара, му ставил од најубавата ракија, а додека зетот бил на гости, го пратиле братот на невестата да оди да го исчисти изметот од животните од шталата.
Откако гостите си заминале, синот прашал:
– Мамо, тато, јас ги работам најлошите работи, го ринам лајната на животните и пак се посно ми готвите и не ми додавате од убавата ракија. А кога ќе дојде зетот, се најубаво за него.
– Ааа, да знаеш синко тој што лајно изрина од нашата куќа… Ти цел живот да ринеш, нема да изринеш толку…