Кокошки со дебели нозе, ултра-долги вратови и мустаќи навистина постојат. Овие необични раси на кокошки би изгледале чудно во сечиј двор.
Донг Тао
Кокошката Донг Тао изгледа како научен експеримент кој тргнал наопаку. Оваа ретка виетнамска раса е позната по вкусното месо, и порано се одгледувала само за членовите на кралското семејство. Тие бујни нозе се сметаат за вистински деликатес.
Полска кокошка
Оваа кокошка излгеда како да има ден на лоша фризура, но полските кокошки се секогаш вакви накострешени. Откачената фризура ѝ го отежнува видот, па така тие се познати по нивното чудно однесување како резултат на тоа.
Гола кокошка
Можете да погодите како оваа грда кокошка го добила своето име. Овој изрод бил создаден од научници со цел да ја прилагодат на жешки временски услови. Проблемот е во тоа што голите кокошки изгледаат одвратно.
Свилена бантам кокошка
Свилениот бантам е украсна кокошка која е многу популарна во Азија. Таму се чуваат како миленичиња, но тоа не ги спречува и да ги јадат.
Ла Флеш
Кокошките Ла Флеш потекнуваат од Франција и изгледаат како вистински ѓаволи благодарение на кикиришката во вид на ѓаволските рокчиња.
Серама
Оваа интересна кокошка го добила своето име според тајландски крал, благодарение на нејзината кралска поза.
Ајам Семани
Ајам Семани кокошката е црна насекаде. Има црн јазик, нокти и кожа. Дури и месото и органите се црни. Необичната боја ја прави најскапта кокошка во светот, при што една чини околу 2500 долари.
Араукана
Кокошката араукана би била најотмената кокошка во кокошарникот, со тој нејзин мустаќ.
Гол врат
Не, ова не е мисирка. Тоа е головратеста кокошка и потекнува од земјата на Дракула – од Трансилванија. Чудниот изглед е последица на генетска мутација.
Онагадори
Убавата Онагадори кокошка се одликува со многу долг опаш. Кокошката во Јапонија се одгледувала како украс за кралските градини.