„Појди во Шпанија, бакнувај се на дожд, спаси живот.“
Овие три животни цели си ги зартала средношколката Ребека Таунзенд за потребите на еден училишен проект. Две години подоцна таа ги исполнила сите тие зацртани цели – но за последната, таа го жртвувала сопствениот живот.
Додека да наполни 17 години, Ребека успеала да патува во Шпанија, и имала момче по име Нико, со кого се бакнувала на дожд.
Го завршила средното образование и била примена на Универзитетот Нотердам.
Една ноќ, по гледањето на огномет во нејзиниот роден град, Ребека и нејзиниот пријател Бенџамин си тргнале пеш кон дома, кога наеднаш на нив налетал автомобил со голема брзина. Ребека го турнала Бенџамин на страна, но правејќи го тоа, автомобилот ја удрил и таа подоцна им подлегнала на повредите. Бенџамин претрпел сериозни повреди, но сега е во стабилна состојба.
Ова е тажна приказна, но семејството на Ребека и нејзините пријатели велат дека таа била позната по својата несебичност и грижата за другите луѓе.