Влезе да се тушира облечен и го снема. Полициската истрага откри смислен план каков што до сега немало ниту а филм.
Ќелијата на Ел Чапо беше надгледувана со безбедносни камери, но имаше 2 слепи точки за да може да се тушира и да оди во WC. Токму тоа го искористија криминалците за да го извлечат од затвор.
Ископале неверојатен подземен тунел од 1600 метри со осветлување и вентилација, а тоните земја ја изнесувале со специјално модифицирано моторче. Мексиканските власти објавија потерница со награда од 3,8 милиони долари за оној што ќе го фати или ќе открие каде се крие.