Морските полжави вообичаено не се суштества коишто би ги сметале за слатки. Но, јапонската Твитер заедница само што го откри веројатно најслаткиот морски полжав – Jorunna parva, морски полжав кој личи на влакнесто зајче.
Тоа што личи на зајачки уши се всушност ринофори, хемосензорни органи за мирис и вкус кои им помагаат да ги октриваат хемиските материи во водата и да се снаоѓаат на океанското дно. Ти има во Индискиот океан, на Филипините и во Јапонија, кадешто фотографиите со нив станаа особено популарни.