Големиот кинески ѕид најверојатно е најпознатото обележје и национален симбол на Кина. Серијата утврдувања кои се простираат на површина од 21.000 километри се познати со векови, привлекувајќи туристи од целиот свет да зачекорат крај оваа древна структура.

Но, како што минуваат годините, ќе има сѐ помалку и помалку да се види, бидејќи истражувачите утврдиле дека во последните години исчезнале големи делови од ѕидот, како последица на ерозија, распаѓање, па дури и кражба на тули. Еве поглед на тоа зошто ѕидот се намалува и што ќе стори Кина во врска со тоа.

Големиот кинески ѕид всушност е серија на повеќе ѕидови, градени, уништувани и реставрирани во различни периоди на историјата на земјата, при што кај повеќе делови се искористени природни бариери, без да се градат ѕидови. Најпознатите делови од ѕидот коишто сѐ уште стојат биле изградени за време на династијата Минг во 14. век, кој се наоѓа во близина на Пекинг.

d01

Според статија во Пекинг Тајмс, локалните власти велат дека 22 отсто од ѕидот на династијата Минг исчезнал, а 2000 километри, или триесет проценти од целиот ѕид исчезнуваат.

d02

Останала само една третина од 2000-годишниот кинески ѕид. Некои делови од него биле уништени пред повеќе векови. Многу делови се наоѓаат во различен степен на распаѓање, претворајќи се во купишта камења и тули.

d03

Деловите од ѕидот поблиску до областите коишто се повеќе посетувани од туристи се подобро одржувани, но надвор од тие области, постојат т.н. диви ѕидини кадешто распаѓањето најмногу зело замав.

d04

Деловите од ѕидот поблиску до областите коишто се повеќе посетувани од туристи се подобро одржувани, но надвор од тие области, постојат т.н. диви ѕидини кадешто распаѓањето најмногу зело замав.

d05

Во пооддалечените краишта, делови од ѕидот биле редуцирани од песочните бури.

d06

Некои делови од ѕидот се оштетувани и од поавантуристички настроените туристи, коишто не внимаваат на оштетувањата кои ги прават.

d07

Други делови од ѕидот се еродирани од ветерот и дождот за време на бурите.

d08

Во други делови се разграбуваат тули од страни на селаните кои ги употребуваат за нивни приватни градби. Некои од ретките тули на кои има стари натписи се продаваат како артефакти.

d09

Понатаму, ѕидот се оштетува и со графити и друг вид на вандализам. Владата воспоставува зони „слободни од графити“, т.е. кадешто цртањето графити е законски забрането, како начин да се справи со проблемот.

d10

Во 2006 година Кина воспостави регулативни мерки за заштита на Големиот кинески ѕид, но поради неговата големина, нивните примени се тешки, особено во пооддалечените сиромашни региони.

d11

Во други делови самите граѓани вложуваат напор да го реставрираат ѕидот. Фармерот Јанг Јонгфу од Џиајугуан, во провинцијата Гансу, потрошил пет милиони јуани (730.000 евра) и вложил години труд за да реновира неколку стотини метри од ѕидот, претворајќи го тој дел во туристичко одредиште, практично приватизирајќи го и на тој начин доаѓајќи во судир со властите.

d12

Откако го виделе извештајот на Пекинг Тајмс, многу кинески граѓани изразиле голема загриженост за пропаѓањето на нивниот национален симбол, оставајќи иронични критики на социјалните мрежи.

Сподели на Facebook
пати видено