Фредерик Томлинсон од Квинсленд, Австралија, направил навистина добро дело враќајќи му ја личната карта и некои други работи кои неговиот сосед ги „загубил“ во дивината во Австралија. За среќа на интернет заедницата, Томлинсон го овековечил овој негов чин со фотографии.
Во ѓубрето кое несовесниот сосед го исфрлил имало аквариум за риби, детски книги како и личната карта, со помош на која Томлинсон го лоцирал и му го вратил ѓубрето во дворот. Подоцна од друг сосед дознал дека човекот го исфрлал тоа што останало зад неговата сопруга и децата коишто го оставиле бидејќи ја тепал сопругата.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.