Мачето Роси била спасена буквално од прегратките на смртта, и било негувано до полно здравје од страна на сибирското хаски Лило, која ја посвоила како свое кутре. Мачето кое тогаш било старо три недели и неговата сурогат мајка веднаш се поврзале, и по една недела нежна грижа и љубов, Роси ги отворила очите и зачекорила на сопствените нозе.
„Првата ноќ за малку немаше да успее“, пишува еден од нејзините спасители, „и покрај 24-часовната грижа и внимание. Беше летаргична и млитава, па така решивме да си ја пробаме среќата препуштајќи ја целосно на Лило. По некое чудо, таа почна цица од Лило, и кучката во целост ја превзеде мајчинскиот инстинкт.“
Иако сурогат мајчинството од време на време се случува во светот на животните, сепак не се препорачува тоа да се прави со сила, особено со хаски кучињата кои се познати по нивниот силен предаторски нагон. Па така, воопшто не можете секогаш да очекувате хаски и маче да станат најдобри другари.