Дали сте во хармонија со вашето тело? Следните 10 секунди ќе ви го откријат тоа.
Кое око е мажот во куќата
Со двете очи отворени погледнете низ отворот направен со вашите раце исправени пред вас во нешто како клучалка. Затворете го левото око. Ако предметот кој го гледате ви останал во видното поле, вашето десно око е доминантното. Ако со затворањето на десното око предметот е видлив, доминантно е левото.
Како вашиот глас им звучи на другите
Овој тест го присилува звукот на вашиот глас да патува во собата пред да стигне до вашите уши, па така го слушате како што го слушаат другите. Има веројатност дека тој ќе звучи за нијанса повисоко отколку што очекувате поради разликата помеѓу пренесувањето на звук преку воздух во споредба со преносот на звук преку коскената структура на вашата глава.
На колкаво количество тестостерон сте биле изложени додека сте биле во утробата
„Пред да се родите, секс хормоните естроген и тестостерон ја диктираат должината на вашите прсти“, известува Нејшнл Џиографик. „Разликите во должиата на прстите одново и одново се доведуваат во врска со редица човечки карактеристики, почнувајќи од агресивноста, музичкиот талент, па сѐ до сексуалната ориентација. Постои поврзаност и со склоноста кон здравствени проблеми како аутизам, депресија, срцеви, како и канцерогени заболувања.“
Изгледајте го ова видео за дополнителни забавни идеи како да се тестирате себеси.