На погреб го носеле мртовецот по стрмна шумска патека кон блиските гробишта! Одеднаш ковчегот се навалил и трупот се стркалал надолу по падината. Еден ловец чекал во заседа зад една грмушка. Кога чул дека нешто шушка во грмушките, ја кренал пушка и грмнал два пати.
Отишол да види што застрелал и го видел трупот. Се уплашил, на брзина го одвлечкал трупот до блиската река и го фрлил во водата.
Во тоа време двајца ловокрадци ловеле риби со динамит. По последното пукање тупот испливал на брегот. Двајцата пребледеле од страв, кога го виделе трупот. Почекале да се стемни и го фрлиле мртовецот на патот. По неколку минути со голема брзина џип го удрил мртовецот и запрел. Возачот бил совесен, па го качил трупот и го однел во најблиската болница.
Веднаш го однеле во оперативната сала. По 6 часа излегол докторот уморен и испотен и му рекол на возачот кој чекал:
– Уффф… ќе преживее…