Јас сум сликарка од Индонезија. За мене создавањето на уметност е прочистувачко ослободување со кое можам да ги споделам моите чувства и расположенија.
Секој ден гледате вести и е ужасувачко што се случуваат толку многу лоши нешта. Ве прават гневни, прават да заплачете. Секој ден, свесно или несвесно, нас не хранат со негативни вибрации. Понекогаш едноставно се чувствувам како да не можам да дишам и навистина морам да најдам излез. Природата секогаш е најдобриот лек, секогаш ми носи мир во душата и умот. Така, употребувајќи водени бои, се обидувам да ја доловам таа вродена врска помеѓу луѓето, природата и животните.
Ги изоставувам сите бои и употребувам само црна и бела за да ги истакнам расположението и атмосферата на сликата. Навистина се надевам дека мојата уметност може да ѝ служи на својата цел. Се надевам дека може да им донесе позитивни вибрации на луѓето.
Елисија Едијанто