„Растеж“ е иновативен дизајн на саксии инспириран од јапонската уметност оригами, благодарение на кој саксијата расте заедно со растението во неа, проширувајќи се за да смести повеќе почва и поширока коренска мрежа. Овој дизајн, дело на лондонското Студио Ајаскан, цели кон тоа саксиите да ги направи поодржливи од кога и да е.
„Во природата сѐ еволуира, се прилагодува, расте, цвета, опаѓа, умира, бива апсорбирано и повторно е употребено“, велат дизајнерите Бајк и Бегум Ајаскан. „Овој наш концепт за саксии ја имитира способноста на природата да расте и да се преобразува, одвиткувајќи се благодарение на разработениот оригами дизајн.“