Си имала некоја баба тројца зетовци и еден ден решила да ги тестира кој колку ја сака и почитува.
Излегла на прошетка со најстариот, поминувале покрај една река и бабата скокнала да се дави. Зетот без размислување, веднаш скокнал и ја спасил. Следното утро пред вратата го чекал нов Форд Фокус со порака „Ти благодарам зете ми го спаси животот – Твојата Баба“.
Потоа бабата излегла на прошетка со средниот зет. Иста шема, бабата скокнала во реката, зетот скокнал и и го спасил животот. Наредното утрео пред вратата го чекала нова Опел Корса со порака „Ти благодарам зете ми го спаси животот – Твојата Баба“.
На крај бабата излегла на прошетка со најмладиот зет. Поминале покрај реката и бабата скокнала да се дави. Зетот се подзамислил: „На првиот му купи Фокус, на вториот Корса, значи мене ќе ми купи некоја евтина кинеска кола, нека се дави.“ И си тргнал накај дома. НАредното утро пред вратата го чекал нов Мерцедес со порака „Ти благодарам зете ми го спаси животот – Твојот Дедо“.