На мојот триесетти роденден, жена ми ме остави. Таа го зеде сиот кујнски прибор, мебелот, фотографиите, нејзините украси. Ме остави во празен, бел стан. Единственото нешто што не го зеде со себе беше мојот бул териер, когошто го нарече според нејзиниот омилен дизајнер на чевли – Џими Чу. Имајќи го само Џими за друштво, најдов инспирација во празните ѕидови и мојот најдобар другар, и почнав да го сликам Џими Чу додека тој лудуваше низ куќата, среќен од сиот тој слободен простор кој наеднаш се создаде. Кога тој папса истоштен веднаш до белиот ѕид, зедов маркер и нацртав нов свет околу него.
Рафаел Мантезо