Колку и да сте изморени кога конечно ќе седнете на вашето седиште во автобус или воз, сепак најверојатно сте помалку уморни од бремената жена која ќе застане крај вас.
Шијанг Хе, талентиран дизајнер од Шангај, ги изработил овие интересни постери за Јили Милк во Кина, со цел да ги охрабри луѓето да ги отстапат своите седишта на бремените жени.
Повеќето системи за јавен транспорт и покрај тоа ги замолуваат нивните корисници да ја искажат нивната љубезност и солидарност во таков случај, но сепак е добро да се има потсетник за тоа зошто би требало да постапите така.