Волшебно прекрасната црква од живи дрвја дворот на Новозеланѓанинот Брајан Кокс самата по себе е доста впечатлива, но уште позапрепастувачки е кога ќе дознаете дека за да ја создаде му биле потребни само четири години!
Кокс внимателно избрал од најразновидни дрвја за неговата прекрасна црква. Некои имаат стебла со боја на камен, додека други со нивното ретко зеленило овозможуваат за време на летото во неа да влезе достаточно сончева светлина. Неговата тајна е во тоа што тој поседува градинарска компанија, којашто пресадува цели дрвја. Тоа му овозможило да засадува дрвја како што ќе посака, и на тој начин да ја заврши црквата, вклучително и железната рамка на која што се држи, за само четири години.
Кокс бил инспириран од годините кои ги минал патувајќи и набљудувајќи ги црквите насекаде низ светот: „Еден ден излегов од мојата задна врата и си помислив – на ова мсето му треба црква – и така почна сѐ. Во април 2011 го расчистив просторот и направив железна рамка, црпејќи од сите истражувања кои ги направив во текот на изминатите години.“