Реј Барткус, уметник од Њујорк, е автор на овој прекрасен мурал во литванскиот град Маријамполе, дизајниран така што да изгледа дека е насликан не врз ѕидот, туку врз водата. Барткус намерно го насликал наопаку за насликаните пливачи, веслачи и лебеди да изгледаат како да се насликани врз реката Шешупе, којашто тече низ центарот на градот.