Мажите од кланот на Арелано Феликс се сите мртви или в затвор, па така властите веруваат дека Енедина Арелано – Феликс го преземала водството.

Браќата Арелано Феликс, клан на озлогласени трговци со дрога во граничниот град Тијуана, имаат семејна историја да се среќаваат со судбината за време на свечености. Најстариот, Франциско Рафаел, бил убиен за време на забава од страна на убиец преправен како кловн. Неговиот брат Рамон, познат по своите брутални техники на измачување, бил застрелан од полицијата за време на еден крајбрежен карневал. Внукот Луис Фернандо Санчез Арелано, бил уапесн додека гледал како Мексико ја победува Хрватска за време на Светскиот куп во фудбал. И сега, откако седум машки членови на кланот или заминале во своите гробови или во затворските ќелии, кланот можеби го сторил тоа што е незамисливо за многумина мачовци во картелскиот свет – да дозволат жена да го преземе кормилото.

Policemen walk during a press conference

Една од сестрите, Енедина Арелано Феликс, е таа што можеби раководи со тоа што преостанало од тихуанскиот картел кој криумчари кокаин, марихуана и кристален метафметамин преку еден од најпрометните гранични премини во Калифорнија, известуваат мексиканските и американските власти. Се раскажува дека 54-годишната школувана сметководителка не е толку по лудите забави, ниту пак е садистички убиец како нејзините машки роднини и повеќе е сосредоточена на чистиот бизнис. Се верува дека ја превзела контролата откако Санчез Арелано, кој, како што се раскажува, или ѝ е син или вник, бил уапсен минатата година. Иако и порано во историјата на трговијата со дрога имало жени шверцери на дрога, почнувајќи уште од дваесеттите, Ередина, позната и како Ла Хефа (шефицата), можеби е првата жена која е глава на цел еден картел.

Издигнувањето на врвот во индустрија во која доминираат екстремно насилни мажи шовинисти воопшто не е мала работа, вели Хавиер Валдез, мексикански новинар кој интервјуирал жени шверцери за неговата книга „Г-ѓа Нарко“. „Ова е свет кадешто мажите се однесуваат како животни. Во него многу жени се искористувани, злоставувани и потоа убивани од истите шверцери со кои работеле“, вели Валдез. „Жените кои успеваат да се издигнат во тој свет се многу ретки. Тие мора да бидат исклучително интелегенни, талентирани и храбри.“

Понатаму, Енедина Арелано Феликс не само што го преживеала падот на нејзините браќа, туку и апсењето на многу други нарко босови низ Мексико. Под претседателот Енрике Пена Нието, полицијата и војската ги собрала главните играчи во нарко бизнисот низ целата земја, вклучувајќи го и „најбараниот човек во светот“, Хоакин „Чапо“ Газмен, како и Мигуел Тревино, водачот на паравоените Зети. Ла Хефа е единствената којашто сѐ уште опстојува.

Браќата Арелано Феликс се преселиле од внатрешноста на Мексико во Тихуана во текот на осумдесеттите, создавајќи го своето нарко царство со крв. Нивните дивеења биле инспирација за ликовите во филмот „Патот на дрогата“. Но, додека браќата превземале ноќни клубови и гореле човечки трупови на скара, Енедина Арелано-Феликс студирала сметководителство на приватен универзитет.

felix

Како што нејзините браќа паѓале од сцената во текот на 2000-те, Енедина почнала да се воздигнува во организацијата раководејќи со операции за перење пари, за што како параван ѝ служеле бизниси како аптеки. Во 2002 година, министерството за финансии на САД неа и нејзините компании ги ставило на црната листа. Секој Американец кој ќе бил фатен да води бизнис со неа можел да биде казнет со казна од милиони долари. Во 2006 година, главниот обвинител на Мексико Даниел Кабеза де Вака изјавил дека таа станала главниот финансиски оперативец за картелот.

Во 2008, нејзиниот брат Едуардо го повел картелот во брутална војна која оставила купишта лешеви околу Тихуана. Но, откако полицијата го уапсила, водството на картелот го превзел Санчез Арелано, заедно со Енедина. Оттогаш, Хефа помогнала да се намали насилството и се вратила на традиционалниот начин на шверцувае дрога на Американците, вели Мајк Виџил, поранешен шеф за интернационални операции за борба против трговијата со дрога.

„Неа не ја интересираат војните на нејзините браќа. Таа повеќе е по создавањето сојузи и заработувањето пари“, вели Виџил, кој поминал 13 години во Мексико како таен агент. „Во создавањето сојузи со моќни шверцери како Чапо Газмен веројатно многу ѝ помогнала и нејзината убавина.“

Но, покрај фактот дека успеала да заработи вистинско богатство, не се знае многу за Хефа. Нема многу фотографии со неа, освен некои семејни портрети од времето на осумдесеттите. Барем двапати се мажела и разведувала, при што едниот од нејзините сопрузи исто така се занимавал со перење пари, но нејзиниот сегашен брачен статус не е познат. Наместо тоа, митовите за оваа тихуанска шефица се шират преку песните и филмовите. Една таква песна е баладата „La Jefa de Tijuana“. „Многу моќна жена, храбра и решителна“, така пее пејачот придружен со хармоника. Снимен е и нискобуџетен филм со истото име, во кој фиктивната Хефа се опишува како убавица која не се плаши од престрелки. Постои дури и радио станица со името Ла Хефа, чијшто слоган е „Ла Хефа – вистински лидер“.

logo2013

Таквиот спој на фантазија и реалност ја популаризира улогата на жените во мексиканските картели. Жените, честопати со очигледни пластични кореции, позираат во тесна облека и со пиштоли во рацете во многу музички спотови. Клаудија Охоа Феликс, која личи на Ким Кардашијан, позирала со оружје на социјалните мрежи, предизвикувајќи сомневања во локалните весници дека таа е предводник на груба атентатори. Морала да го негира тоа на прес-конференција.

Овие видеа и социјалните медиуми ја искривуваат претставата за тоа како изгледа животот на жените во нарко светот, вели новинарот Валдез. Тоа не е гламурозен живот со палати и богати накити, туку свет на бруталност, силувања, затвори и смрт. Шверцерите на дрога ги тераат своите девојки да се подложат на пластични операции за да се вклопат во нивните замисли за идеална жена, но потоа ги оставаат да скапуваа зад решетки или дури и ги убиваат. „Тие сакаат да ги контролираат телата на жените како начин да имаат целосна моќ врз нив, но на крајот, повеќето од нив на жените гледаат како на ранливи и слаби суштества, и ги сметаат за потрошна роба“, вели Валдез.

Сподели на Facebook
пати видено