Иако повеќето луѓе мечтаат за плажа со прекрасен бел песок, плажите низ светот имаат и поинаква боја. Низ светот има плажи со пурпурен, розев, црвен, зелен, црн, портокалов и бел песок.

Дали тоа се должи на вулканската активност или на минијатурните корални фрагменти кои во комбинација со белиот песок, резултатите го одземаат здивот. Од Црвњната Плажа на Санторини, Грција, па се до маслинесто зелените брегови на Папаколеа на Хаваи, еве 15 наживописни плажи на светот.

Потопете ги нозете во црвените песоци на Црвената Плажа во Санторини, Грција. Камењата богати со железо довеле до црвеното обојување на песокта.

plz01

Уште една црвена плажа е Каихулулу во Мауи, Хаваи.

plz02

Папаколеа се наоѓа на јужниот дел од Големиот Остров на Хаваи. Зелениот песок доаѓа од маслинестите кристали од околните вулкански камења во заливот Махана.

plz03

Благодарение на железото кое се содржи во песокта, заливот Ралма на малтешкиот остров Гозо пленува со портокаловите песоци на своето крајбрежје.

plz04

Порто Феро на Сардинија, Италија има светло портокалов песок, кој е резултат на портокаловиот варовник, остатоците од школки и вулкански депозити.

plz05

Хорсшу Беј е една од розевите плажи на Бермудските острови. Бојата на песокот се должи на мешавината од школки, корали и калциум карбонат.

plz06

Слично е и со плажите на Бахами.

plz07

Розевата плажа на Ломбок, Индонезија својата розева боја ја должи на белиот песок измешан со мали фрагменти на црвени корали.

plz08

На северното крајбрежје на Фајфер Бич во Калифорнија ќе видите виолетов песок. Кварцот и депозитите на манган во блиските ридови ги создале овие уникатни плажи.

plz09

Плажата Муривеј во Оукленд, Нов Зеланд ќе ве изненади со црниот песок кој се протега на површина од шеесеттина километри, резултат на вулканското минато на овој остров.

plz10

Црн песок има и на плажата Пуналу, на Хаваи.

plz11

Плажата на Вик и Мирдал на Исланд исто така има темно обоен песок, кој се должи на базалтните депозити.

plz12

Крај Шелтер Коув, Калифорнија, ќе најдете сиво обоен песок, како последица на ерозијата на блиските карпи.

plz13

Во светот има многу плажи со бели песоци, но Хајенс Бич во Нов Јужен Велс, Австралија е вброена во Гинисовата книга на рекорди како најбелата плажа. Малите кварцни честички ја направиле оваа плажа блескаво бела.

 

plz14

И на крај, постои плажа во кои ги има речиси сите бои кои би можеле да ги замислите. Реинбоу Бич во Квинсленд, Австралија има 72 различни нијанси на боја, благодарение на разнобојните карпи во близина.

plz15

Сподели на Facebook
пати видено