Американката Никол Елиот неодамна го усвоила Честер, куче заболено од рак. Кога го видела огласот во кој се бара љубезна личност која би го вдомила несреќното куче, таа решила да го земе кучето кај себе.
„Се обидувам да му овозможам некои искуства коишто можеби порано никогаш немал можност да ги искуси, и навистина го разгалувам“, вели таа, раскажувајќи за вкусната храна, удобното легло и играчките на коишто може да им се радува Честер. Сепак, и животните се живи суштества и тие чувствуваат кога некој се грижи за нив, така што е убаво кога човек ќе се сети на тоа.