Центарот за психолошки истражувања во Шенјанг, загрижен за разорниот ефект кој паметните телефони го имаат врз човечките односи, го најми дизајнерот Шијанг Хе од рекламната агенција Огилви, да изработи серија реклами со цел подигање на свеста кај луѓето.
Трите реклами покажуваат типични домашни ситуации, со огромен смартфон во средината кој го блокира секој вид на општење помеѓу луѓето на сликата. Шијанг е загрижен за сѐ поголемата зависност којашто ја создаваат телефоните. „Колку повеќе се поврзувате, толку помалку се поврзувате“ – се согласувате ли со ова?