Подземните „луѓе-кртови“ одамна се дел од урбаната митологија на Њујорк, но прилагодливоста на бездомниците коишто тунелите на Њујорк ги нарекуваат дом се повеќе вистина отколку митови.
Луѓе-кртови
Луѓето-кртови од Њујорк се дел од градската митологија уште од 1993 година кога Џенифер Тот објави книга за нивните животи. Се проценува дека барем 6000 луѓе живеат илегално во тунелите на њујоршкото метро, во коишто другите жители на Њујорк минуваат само дење.
Почетоците
Бездомните њујорчани наоѓале засолниште во тунелите под Менхетн уште од 1980 година, кога се собирале под натстрешниците под Риверсајд Парк.
Подземни луѓе
Првото опишување на подземните жители на Тот во нејзината книга од 1993 година им придаде легендарен призвук. „Луѓето-кртови“ коишто таа ги опиша како луѓе кои се среќаваат со најмени убијци во соседството Харлем и луѓе кои готват стаорци. Ги опишува како вистинска субкултура, како издвоено општество, па дури и си бираат подземни „градоначалници.“
Мрачни денови
Во 2000 година, филммејкерот Марк Сингер дополнително ги прослави митските луѓе-кртови со документарниот филм наречен „Мрачни денови“. Сингер навистина живеел и се спријателил со ликовите од неговиот филм, за потоа да им помогне да добијат ваучери за вдомување во текот на кампањата Коалиција за бездомните. Неговите црно-бели кадри ја информираа јавноста за луѓето кои живеат под градот.
Подземниот дом
Во текот на денот, луѓето-кртови собираат отпаден метал кој го продаваат, купуваат намирници или се тушираат во јавните објекти. Ноќе се враќаат во нивните засолништа опремени со лампи и шпорети, и украсени со слики и миленичиња. Според подземните жители кои биле интервјуирани од Њујорк Тајмс во 1990 година, животот под големиот град бил толку стабилен, што многумина од нив не се ни сметале себеси за бездомници.
Изгонети
Во 1990 година, њујоршките власти почнале да ги гонат подземните луѓе од нивните домови со цел да направат простор за идната Амтрак пруга.
Животот под земја
Многу од луѓето-кртови биле приморани да си заминат, но некои останале. Во 2009 година, Њујорк Пост пишува дека подземните жители се навикнале на постојаната бучава од возовите. Но, нивниот животен стил сепак се променил кон полошо.
Повторно изгонети
Луѓето повторно биле изгонети со новопоставена пруга, која ги поврзувала Пен Стејшн, Њу Џерси и Лонг Алјенд. Светскиот Трговски Центар градел и подземен комплекс, а градот пробивал и подземен транзитен центар во близина на улицата Флтон.
Урбани легенди
Денес, луѓето-кртови функционираат како урбана легенда на градот Њујорк. Во 2010 година, филммејкерот Ендрју Вондер ја продолжил долгата традиција на новинари, фотографи и режисери, правејќи нов документарен филм за животите на подземните жители, наречен „Undercity“, со кој докажал дека и покрај постојаните подземни градежни активности, луѓето сепак продолжуваат да живеат во тунелите под Њујорк.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!