Често слушаме приказни за тоа дека со современите компјутерски програми, сѐ оди побрзо и полесно. Иако со секоја нова верзија на Фотошиоп, алатките навистина стануваат сѐ поефикасни и повпечатливи, сепак е потребен голем труд да се совладаат овие вештини. Сепак, со овој краток видео приказ на аргетнинскиот фотограф и ретушер Хоакин Вилаверде, се прикажуваат можностите кои ги нуди Фотошоп во давањето на нов живот на тешко оштетениот црно-бел портрет на девојче. Клипот прикажува двочасовна работа собрана во времетраење од три минути,.