Тетовирањето по целото тело бил древен ритуал помеѓу племињата на Филипините. Тоа било толку застапено што кога Шпанците пристигнале таму и официјално го нарекле регионот според шпанскиот крал Филип II, тие на архипелагот му дале и неофицијален прекар: Острови на обоените.

Петстотини години подоцна, древната уметност на тетовирање на Филипините почнала да опаѓа. Но, надвор од Филипинте, овој ритуал наоѓа нов дом помеѓу дијаспората на филипински емигранти.

Ова е Ванг Од, уметник за тетоважи од племето Калинга. Таа е последниот уметник за традиционална тетоважа во својот род. Според традицијата, уметноста за тетоважи се предава од колено на колено во рамките на семејството. Според легендите, обучувањето на други нљдвор од рамките на семејството може да доведе до инфекции на крвта кљј оние кои се тетовирани од нив. Ванг Од има само една внука, и таа повеќе би сакала да се посвети на својата учителска кариера отколку на тетовирање.

tt01

Не значи дека нејзината внука не ја почитува старата уметност, работата е во тоа што малку современи Филипинци би сакале да се подложат на долгиот и билен процес на тетовирање на стариот, традиционален начин.

Старите филипински тетоважи не се изработуваат со пиштол за тетовирање, туку со помош на остро стапче лимоново дрво и мастило од јаглен. Ова боли толку многу, што тетовирањето се изведува во повеќе наврати за секој дел од кожата.

tt02

Секој дел од тетоважите е внимателно дизајниран со традиционални фигури. Филипинските племенски тетоважи имале цел да бидат уметнички биографии на носителот и неговото племе. Иако често се среќаваат препознатливи мотиви, секоја поединечна тетоважа е уникатна и раскажува лична историја.

Со сѐ поретките уметници како Ванг Од и сѐ помалку луѓе волни да се подложат на долгиот и болен процес на традиционално тетовирање, филипинската традиционална тетоважа полека станува дел од дамнешното минато.

tt03 tt04

Но, тогаш настапи „Знакот на четирите бранови племиња“ или Татак Нг Апат на Алон. Тие се група филипински емигранти во Америка, посветени на повторното воспоставување на врската со нивното културно наследство преку уметноста на тетовирање.

tt05

Знакот на четирите бранови е формиран пред петнаесет години во Лос Анџњлњс, помеѓу младата заедница на Филипинци. Тие сакале да го изразат својот идентитет на нов, современ начин.

tt06

Нивното име ги симболизира „брановите“ имигранти кои доаѓаат и се шират насекаде низ Америка. Од нејзиното основање, групата значително се рашири, благодарение на дигиталните комуникации.

tt07

Се применуваат традиционалните методи, како и современиот начин со пиштол за тетовирање, со помош на кои се создава нов филипино-американски идентитет.Но, најважно од сѐ, се враќа најважната карактеристика – личното значење на секоја од тетоважите.

tt08

tt09

За разлика од дизајните на Маврите и Полинезиските племенски тетоважи,копирањето на традиционалните индивидуални филипински тетоважи се смета за голем чин на ерес и непочитување.

Усвојувањето на тетоважите од страна на нефилипинци се смета за особено лоша работа. Поголемиот дел од веб страната на групата е посветен на разубедување на овие копирачи и уметници коишто ги крадат нивните дизајни.

tt10

Во 2008 година, Ел Фестин, еден од основачите на групата, појде на Филипините да се запознае со Ванг Од и да ѝ објасни што прават тие во САД. Иако се плашел дека ништо од тоа нема да ѝ се допадне, таа всушност била неверојатно воодушевена и на крајот од посетата инсистирала Фестин да ѝ истетовира нешто во знак на сеќавање на неговата посета како и на продолжувањето на уметноста на којашто и двајцата ѝ служат.

tt11

Сподели на Facebook
пати видено