Уличните уметници започнаат да сликаат на ѕидовите на Музејот на уметноста на Лонг Бич на 26-ти јуни, оваа година. Проектот, наречен „Виталност и занес: трансформирањето на урбаниот пејзаж“, ќе ја прикаже уметноста на избрана група уметници кои или ја истражуваат урбаната уметност надвор од нивното студио, или пак размислуваат за замената на улицата со студио.
„Поголемиот дел од делата во оваа изложба ќе бидат создадени врз нашите галериски ѕидови, употребувајќи традиционални и нетрадиционални уметнички медиуми“, објаснува Рон Нелсон, извршен директор на музејот. „Кога ќе заврши изложбата, ѕидовите ќе бидат пребојадисани и подготвени за следната изложба. Според тоа, важно е љубителите на уметноста да ја видат оваа неверојатна изложба пред нејзиното затворање.“
Изложбата ќе биде отворена до 27. септември, 2015г.