Постојат повеќе начини како да си го заштитите автомобилот од кражба, но сопственикот на ова Фолксваген Транспортер комби изнашол сосема уникатен начин – новото возило го покрил со винил кој изгледа како `рѓа за на крадците да им изгледа како куп отпад!
Дизајнот на винилот е производ на Клајдс Врапс од Глазгов, и била направена специјално за ова комбе, при што биле земени точните димензии. Ова на дизајнерите им овозможило реалистично да ја распоредат `рѓата како да е природно формирана.
Не поминале ни три дена, а полицајците веќе почнале да го запираат, прашувајќи го што е работата со сета таа `рѓа. Нема ништо лошо и незаконско вашето возило да го покриете со разна графика, но тоа може да ги збуни луѓето, и мора да сте свесни за тоа дека покрај тоа што ќе ги збуните крадците, што е и намерата, можете да ги збуните и полицајците.