Џастис и Џереми Стампер штедат за втора венчавка. Брачните другари од Тенеси се запознале кога имале десет години во неделно училиште, а започнале да излегуваат во средно училиште, а се земале минатата година, кога Џастис имала дваесет години, а Џереми дваесет и една година. Но, деветнаесет дена по свадбата се случила трагедија.
На 20-ти август, Џастис за малку ќе загинела во ужасна сообраќајна несреќа.Месец дена подоцна, таа му се исповедала на својот сопруг: „Не сакам да се налутиш, но јас не се сеќавам на свадбата.“ Одговорот на Џереми бил брз, како што раскажува тој: „Срцето ми беше скршено и веднаш ѝ кажав дека пак би го направил тоа за неа. Таа има загуба на помнењето од пет недели од пред свадбата…Таа дури не ни помнеше дека сме венчани.“
На 1. август, на годишнината на нивната прва свадба, Стамперси „пак“ ќе се венчаат. Џереми студира и работи, а бидејќи Џастис сѐ уште закрепнува од несреќата, одлучиле од светот да побараат помош преку донации на нивниот GoFundMe профил.