Завршена во 1660 година, сликата „Еверхард Јабах и неговото семејство“ на Шарл Лебрен видела и подобри денови. Овој семеен портрет стар 355 години бил покриен со слаба заштита, многу гребнатини и оштетувања со кои сликата практично била преполовена. Ова видео ја документира десетмесечната реставрација во Метрополитен Музејот на Уметноста предводена од Мајкл Галагер, којашто вклучувала ретуширање, структурална работа, повторно лакирање и бројни други конзервациски техники за џиновската слика пак да се врати во живот.