Во Ел Алто, Боливија, традицијата е проткаена многу длабоко. Во градот живеат 36 различни домородни култури, сочинувајќи половина од населението. До неодамна, овие домородни народи не биле претставени соодветно во политичката сфера. За среќа, ова се промени со изборот на домородниот претседател Ево Моралес. Покренати се многу иницијативи за да се возобнови силата на домородните заедници низ целата земја – а една од нив е во видот на архитектура која го одзема здивот.
Ел Алто е град со најбрз растеж во светот, па така куќи, деловни згради и други јавни објекти никнуваат насекаде.
Највпечатливиот шампион на архитектонскиот камбек на Ел Алто е Фреди Мамамни, познат како „Крал на архитектурата на Андите“. Неговите храбри, светло обоени дизајни влечат инспирација од домородната уметност и архитектура, но со додавањето на современи нијанси тие стануваат елегантни и футуристички градби.
„Со оваа архитектура“, вели Мамани, „ние велиме: ние сме Боливијци, ние сме Ајмара, и можеме да ја покажеме новата самодоверба и идентитет на домородните Боливијци.“
Мамани изградил над 80 градби во Ел Алто, и луѓето бараат уште, со што тој е најпопуларниот архитеткт во градот, и еден од најпопуларните во земјата.