Досега ви имаме прикажано најразновидни впечатливи скулптури, но овие дела на Стефани Рокнак ќе ве остават без зборови, бидејќи изразот „како да се живи“ е можеби преслаб да се опише впечатокот кој го оставаат. Резбарството е дел од животот на Рокнак уште од нејзината детска возраст, создавајќи ја првата дрвена скулптура на десетгодишна возраст. Подоцна, нејзините патувања во Рим направиле да се вљуби во скулптурите на големите мајстори Микеланџело, Донатело и Бернини, а за време на едно патување во Австрија се запознала со средновековната германска резба. Овие две влијанија се собрале завземајќи облик на монументални, а сепак органски скулптури, какви што се делата коишто сега ги создава.
Како ги создава нејзините дела? Рокнак започнува со едно големо парче дрво.
Грубо ја определува формата, и потоа започнува долгиот процес на рафинирање на формата.
Всо случај со „Пливачот“, се додавва уште едно парче дрво за раката. Рокнак црта директно на дрвото, за директно да види што треба да се направи.
Динамичните пози и суптилните детали на скулптурите на Роканак не само што им придаваат живолики детали, туку од гледачот бараат и да ги гледа од повеќе агли за делото да го има целосниот ефект. Скриениот детал кој може да се види одзади или однапред, овозможува дополнително знаење за вредноста на скулптурата и личноста којашто таа ја отсликува.