Кинеските отпади и центри за рециклирање се полни со автомобили. Земјата се обидува да се ослободи од загадувањето, и ова е резултатот.
Штетните издувни гасови
Според нов закон во Кина, возилата регистрирани пред 2005 година мора да ги исполнат строгите стандарди за издувни гасови. Ако не ги исполнат, мора да се тргнат од патиштата.
Купови отпад
Стотици илјади возила се проценети за несоодветни, и на тој начин се создаваат тони отпад.
Капка во морето
Во Кина во моментот се возат околу 240 милиони возила. Во текот на следните неколку месеци, ќе се натрупаат нови милиони возила во отпадите ширум земјата.
Загадување
Проблемите со загадувањето во Кина се огромни. Хангжу, град од четири милиони жители, во 2013 година 239 дена од годината бил завиткан во смог.
Гасови
Над четириесет отсто од загадувањето во воздухот над Кина доаѓа од издувните гасови. Во Кина поседувањето на автомобил е речиси задолжително. Во Хангжу на секои двајца луѓе има по еден автомобил.
Отфрлањето на колите
Штом планот ќе се исполни, Кина од патиштата ќе тргне над шест милиони автомобили – повеќе од бројот на регистрирани возила во цела Швајцарија.
Проблемот со загадувањето не се решава
Проблемот е во тоа што, како што велат експертите, ова нема да промени многу. Во 2013 година во Кина биле продадени повеќе од 17 милиони возила. Отстранувањето на шест милиони нема да направи некоја голема промена, како што се покажало со сличните акции и во други земји.
Загадувањето на воздухот
Издувните гасови од автомобилите навистина придонесуваат за загадувањето во Кина, но тешката индустрија во близина на градовите е вистинската причина за проблемите со загадувањето.
Проблематичните автомобили
Според кинескиот министер за заштита на животната средина, речиси осум отсто од автомобилите во Кина не ги исполнуваат минималните стандарди за испуштање на издувни гасови.
Отпадот се натрупува
Немајќи друг избор, Кинезите се ослободуваат од нивните камиони, мотори и комбиња и ги оставаат во отпадите.