Овој нов пронајдок ќе ви помогне да си ја зготвите храната дење, но може и да ја складира сончевата енергија, овозможувајќи на тој начин и ноќно готвење без никаква дополнителна енергија.
Како е можно тоа? Соларната скара користи Френелови леќи за да загрее литиум нитрат. Литиумовиот нитрат е сол на азотната киселина. Се добива со реакција на литиум карбонат или литиум хидроксид со азотна киселина.
Скарата може да складира енергија која ќе трае до 25 часа и да ја ослободува во вид на топлина до температура од 232 степени Целзиусови. Овој нов технолошки пронајдок е дело на Дејвид Вилсон, професор на Институтот за технологија на Масачусетс, и има неверојатен потенцијал. На овој начин би можело да се складира енергија со која потоа би можеле да се затоплуваат домовите, водата, како и да се употреби како дополнителен извор на електрична енергија. Во моментот, овој концепт сѐ уште во развој, но сепак е заснован врз темелни истражувања. Нашето сонце е неверојатен извор на енергија и Фреснеловите леќи можат да ја складираат истата.