Зошто велиме дека старите добри денови останаа зад нас? Се разбира, вашиот телевизор е полесен од тој од пред десет години, но затоа вие во меѓувреме сте качиле десеттина килограми; кога ќе ви паднел вашиот стар Нокиа мобилен, го оштетувал паркетот, но затоа вашиот нов ајфон чини колку свеж орган на црниот пазар за човечки органи, а се распрснува на најмали парченца само ако лошо го погледнете, што се вели. Порано кога ќе добиевме лоша оценка, се тресевме од страв повеќе од реакцијата на нашите родители, отколку од срамот поради слабата оценка – сега просветните лица се тресат од страв поради реакцијата на родителите кога нивните деца ќе добијат слаба. Човек не може, а да не се запраша – WTF?!

Погледнете ги овие илустрации „Тогаш и сега“, кои покажуваат дека проблемот е глобален, а според мене една од најинтересните е онаа во која порано владетелот наредувал врз бунтовниците да се сипе врело масло за да ја растера толпата, а сега само треба да нареди да им се исклучи интернетот.

world-changes-before-and-after-9__605

world-changes-before-and-after-11__605

world-changes-before-and-after-13__605

world-changes-before-and-after-14__605

world-changes-before-and-after-20__605

world-changes-before-and-after-22__605

world-changes-before-and-after-23__605

world-changes-before-and-after-38__605

world-changes-before-and-after-44__605

world-changes-before-and-after-48__605

Сподели на Facebook
пати видено