Израелскиот дизајнер Рој Харпаз изнашол нов и елегантен вертијален дизајн за грамофонот кој беспрекорно ги комбинира футуристичкиот дизајн и старовремската функција во еден пакет во облик на јајце.
За разлика од традиционалните грамофони на коишто сме навикнати, овој ги врти плочите вертикално, речиси изложувајќи ги како екран. Преку скенирање на плочата, грамофонот може да препознава различни точки во песната, што на слушателот му овозможува да прескокнува песни или делови од песните. Ова, заедно со далечинското, го прави грамофонот многу посовремен домаќински уред, иако сепак предниот дрвен панел му дава ретро изглед.