Зградата на забавиштето Даи-Ичи Јочиен во градот Кумамото во јужна Јапонија има посебна иновација којашто „им овозможува на децата да си бидат деца“ – двор во кој дождовната вода се собира во еден огромен, чист вир за децата да шлапаат и да се прскаат во него.
Наместо кога врне децата да се затвораат внатре, ова забавиште ги кани на игра. Кога не врне, просторот може да се користи како спортско игралиште, а дури може да се претвори и во лизгалиште за време на зимата. Отворениот план на училиштето го охрабрува мешањето и преорганизирањето на часовите во зависност со околностите, на тој начин поттикнувајќи и развивајќи ја креативната мисла од страна на персоналот.
Забавиштето е осмислено од Јоуџи Но Широ, фирма за дизајн на архитектура, ентериер и мебел за деца, со којашто управува архитектонската фирма Секеи.