Организацијата за зачувување на дивиот свет на Дејвид Шелдрик помогнала да се спасат животни на многу животни повредени како последица на алчноста на ловокрадците и стапиците поставени насекаде низ Кенија, Африка. На почетокот на оваа година, луѓе од оваа организација налетале на прекрасно слонче кое било тешко повредено од незаконски поставена стапица од страна на ловокрадците. На возраст од една година, на ова слатко слочне од деведесест килограми му била пружена итна помош со надеж дека ќе успее да преживее во неговата природна средина.
Предупредување: некои од фотографиите можат да ве вознемират!
Незаконската стапица му ја пресекла ногата на кутрото слонче до коска.
Го третирале против инфекција и нанеле зелена глина со надеж дека ќе успее да закрепне и да преживее во неговата природна средина.
Но, кога се вратиле три недели подоцна, раната се влошила.
Го однеле на имотот на организацијата кадешто слончето добило целодневна грижа и постепено почнало да си го повратува здравјето.
По две недели интензивна грижа, било пуштено надвор, кадешто запознал ново пријателче, друго слонче кое било оставено сираче од ловокрадците.
Погледнете повеќе за неговото макотрпно патешествие во следното видео.