Најубавите хотели во светот нудат спектакуларни глетки кои ќе ве зашеметат. Ако можете да уживате во нив додека се разладувате во базенот, уште подобро. Во продолжение најпрекрасните хотелски базени од целиот свет.

Хотел Палас, Дубровник, Хрватска

Големиот пливачки базен во хотелот Палас во Дубровник е дел од широката понуда на овој луксузен хотел кој нуди спа, бар крај базенот, разни други луксузни удобности и згора на сѐ прекрасни глетки кон Јадранското море од различни делови на хотелот, но кај базенот е најдобрата.

hotel-bazen-1

Луксузното одмаралиште во заливот Даиос, Агиос Николаос, Грција

Ова луксузно одмаралиште се наоѓа во приватен залив на Егејското море. Глетка која го одзема здивот.

hotel-bazen-2

Хотелот Рокхаус, Јамајка

Хотелот е изграден врз карпите на Негрил, Јамајка. Насекаде околу него се протегаат глетки од прекрасното Карипско море. Од кај страната на плажата, хотелот е опкружен со тропски градини.

hotel-bazen-3

Чњтири сезони, Мае, Сејшелски острови

Хотелот Четири Сезони е познат по својата репутација за луксуз и удобност, и токму тоа ви го нуди хотелот на островот Мае. Бујната џунгла и прекрасните плажи се насекаде околу вас, а покрај тоа има и повеќе мали базени и еден огромен главен базен.

hotel-bazen-4

Вила Хонег, Бургенсток, Швајцарија

Овој прекрасен планински базен во Вила Хонег, Швајцарија е со топла вода и нуди исклучително убави глетки кон швајцарските планини. Покрај топлата вода, во базенот има дури и подводна музика.

hotel-bazen-5

Хотел Катикиес, Санторини, Грција

Благодарение на местоположбата на овој хотел кој е изграден на стрмни карпи, просто се стопувате во бесконечноста на хоризонтот. Хотелот има огромен салон и коктел бар крај базенот и ви нуди сѐ што ви е потребно.

hotel-bazen-6

Ду Кап-Еден-Рок, Антиб, Франција

Фантастичниот базен крај хотелот Ду Кап-Еден-Рок гледа над сините води крај Антиб, Франција. Од една страна сте опкружени со карпи, а од другата страна имате поглед кон океанот.

hotel-bazen-7

Хард Рок, Канкун, Мексико

Огромниот базен во Хард Рок Канкун е стилизиран да изгледа како лагуна и има неколку различни оддели за различните видови гости. Има мал базен за децата и три хидро спа сектори од коишто еден е само за возрасни.

hotel-bazen-8

Карма Кандара, Бали, Индонезија

Погледнете ги тропските брегови на Бали од Карма Кандара хотелот. Овој хотел на крајбрежните карпи нуди зашеметувачки глетки каде и да се свртите, и луксузни услуги во секое време.

hotel-bazen-9

Хоттел Маричканто, Позитано, Италија

Овој хотел ви нуди поглед кон Медитеранот, кон автентично италијанско село, и кон прекрасната планина додека се одморате во Маринканто. Хотелот има турска бања и многу други удобности.

hotel-bazen-10

Фонимагуду, Малдиви

Додека престојувате во одмаралиштето Риити Бич, насекаде околу вас се протега океанот. Одмаралиштето е опкружено со тропски растенија и долги песочни плажи.

hotel-bazen-11

Кох Самуи, Тајланд

Ако огладнете додека се забавувате крај базен во W Retreat Koh Samui, можете да каснете скара на плажата. Во овој крајбрежен хотел има 74 приватни базени.

hotel-bazen-12

Сподели на Facebook
пати видено