Русите се сомневаат дека Аполо 11 никогаш не слетал на месечината и побара „истрага за тоа што навистина се случило.“ Портпаролот на Истражниот Комитет на руската влада Владимир Маркин побара истрага откако видеото од 1969 година и каменот од месечината кој екипата го донесе на Земјата исчезнаа. Маркин за рускиот весник „Известија“ напиша дека е потребна да се спроведе таква истрага со цел да се добијат нови сознанија за вселенеското патешествие на Аполо 11.

 nasa-1

Во неговата колумна Маркин пишува дека тој не тврди дека „тие не слетале на месечината, туку само снимиле филм за тоа.“ Сепак, со неговите коментари тој јасно фрла сомнеж дека слетувањето на месечината навистина се случило, при што во колумната исто така ја напаѓа и американската истрага за корупцијата во ФИФА, која се заканува да ја спречи Русија да биде домаќин на Светскиот куп во 2018.

nasa-2

Маркиновата колумна се случува шест години откако НАСА призна дека снимката повеќе не постои бидејќи била случајно избришата. Дик Нафзгер, видео инженер за НАСА, тогаш го изјави следното:

„Неизбежен заклучок е дека снимките повеќе ги нема. Не верувам дека било кој во НАСА направил нешто лошо. Едноставно така се случи, и никој не е среќен поради тоа.“

Маркин пишува:

„Сите овие научни – и можеби културни – артефакти се дел од човечкото наследство, и нивното исчезнување без траг е наша заедничка загуба. Една истрага би открила што навистина се случило.“

НАСА во 2009 изјави дека ги избришале само снимките со висока резолуција за првите чекори на месечината, за да направат простор за сателитски електронски податоци. Единствените останати оригинални слики од мисијата се матните снимки од „џиновскиот чекор за човештвото“ на Нил Армстронг. Маркин понатаму ги критикува САД за потегнувањето истрага за корупција помеѓу претставниците на ФИФА. Тој пишува дека американските обвинители „се прогласиле себеси за врховни арбитри на меѓународниот фудбал“ и додава дека тие „го помешале политичкото пазарање со корупција.“

Сподели на Facebook
пати видено